Високата претставничка на Европската унија Федерика Могерини го советувала претседателот Иванов да го даде мандатот на партиите што имаат освоено мнозинство во Парламентот и апелираше до политичките лидери да не дозволат институционалната криза да премине во меѓуетничка криза, или геополитичка криза.
„Дојдов со јасна порака дека ЕУ е посветена на европската интеграција на оваа земја. Тоа е целта на мојата посета тука“, рече Могерини.
Таа рече дека го замолила претседателот да ја промени својата одлука и да го довери мандатот на партиите што имаат мнозинсттво во Собранието затоа што така е запишано во Уставот.
Могерини ги повика лидерите да внимаваат на реториката затоа што носат одговорност и не смеат да дозволат институционалната криза да премине во меѓуетничка криза, па дури и во геополитичка криза.