Демонстрантите го пробија кордонот од полицајци кај Соборниот храм. Дојде до инцидент со полицијата зад црквата. Но, набрзо полицијата се повлече и сега Шарените се движат кон Владата.
Полицијата вечерва не дозволува пристап кон зградата на Владата на Република Македонија и кон Собранието. Блокади се поставени насекаде низ центарот на Скопје. На клучните раскрсници се поставени водени топови.
На чело на вечерашниот протест се лидерите на опозициските партии.