ИНЦИДЕНТ СО ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕР НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    ИНЦИДЕНТ СО ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕР НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, НЕМА ПОВРЕДЕНИОчевидци велат дека имало некој проблем со елисата на хеликоптерот или силниот ветер (Фото: Ѓ.Личовски)

    Утринава на Скопскиот аеродром се случил инцидент при слетување на полициски хеликоптер. Во инцидентот нема повредени.

    Од Агенцијата за цивилно воздухопловство за САДАКАМДАКАЖАМ.МК велат дека станува збор за незгода во која нема жртви, ниту повредени.

    Очевидци велат дека имало некој проблем со елиса на хеликоптерот, но воздухопловните власти се воздржуваат од детали додека не излезе на терен Комисијата за истраги на воздухопловни несреќи.

    Околу 11.30 часот кога се превртел хеликоптерот дувал силен ветер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира