ИНВЕСТИТОРИТЕ ПРВО ДА КАЖАТ КАКО ЌЕ СЕ ГРЕЕ ЗГРАДАТА, ПА ПОТОА ДА ДОБИЈАТ ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА, БАРА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА

    ИНВЕСТИТОРИТЕ ПРВО ДА КАЖАТ КАКО ЌЕ СЕ ГРЕЕ ЗГРАДАТА, ПА ПОТОА ДА ДОБИЈАТ ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА, БАРА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈАРегулаторната комисија бара Министерството за транспорт и врски во новиот Закон за градба во барањето за добивање градежна дозвола да се наведе како ќе се грее објектот. (Фото: Ѓ. Личовски)

    При издавање на одобрението за градење точно да се наведе како ќе се грее објектот, бара Регулаторната комисија за енергетика. Од таму денеска најавија дека ќе испратат известување до Министерството за транспорт и врски во Предлог-законот за градење да се стави ваква одредба.

    „Станува збор за пракса преземена од европските метрополи, модел што не фаворизира туку дава предвидливост, сигурност и стабилност во испораката. На овој начин, ќе имаме однапред мапирани реони каде и со кој енергенс ќе се загреваат домовите и објектите. На пример, каде што има организиран систем на греење, новите градби ќе се приклучат на истиот, а доколку инвеститорот покаже дека има поефикасен систем за да го реши проблемот со греење, не е спорно тоа решение да го реализира. Крајна цел е домаќинствата да добијат економичен, ефикасен и еколошки енергенс, а операторите на дистрибутивната мрежа да знаат точно каде и во кои реони да ги зајакнат инвестициските циклуси во мрежата, за да се сведат на минимум можните дефекти и да нема испади од системот“, рече Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

    Од регулаторната комисијата велат дека најголем потрошувач на гас е гасната електрана-топлана „Те-То“ АД Скопје, по неа се топланите, компании од металната, прехрамбената и општата индустрија, На природен гас приклучени се и два објекта од здравството, а тоа се Клинички центар и болницата „8 Септември“, а од јавните институции Министерството за одбрана и ЈСП „Скопје“.

    Во 2019 на гас се приклучени нови 14 домаќинства, во 2018 нови 53, додека во 2017 нови 19 домаќинства.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира