Илија Исајловски е нов заменик-министер за надворешни работи. Собранието го изгласа со 63 гласа „за“ и 19 „против“.
Тој доаѓа на местото на Драгана Кипријановска. Премиерот Емил Димитриев побара нејзино разрешување со обраложение дека се однесува проопозициски. Таа е член на Демократскиот сојуз, партија која ја напушти коалицијата „За подобра Македонија“.
Илија Исајловски кој е дипломат од кариера со богато искуство во меѓународни организации и разивање на дипломатски односи. Во Министерството за надворешни работи е вработен во 1996 година и поминал низ сите професионални скалила. Извесен период работел и во одделението за политички билатерални односи со државите од Западна и Централна Европа, како и амбасадор на Р. Македонија во Украина, Руската Федерација и е актуелен амбасадор во Народна Република Кина, од каде ги покрива и ДНР Кореа, Виетнам, Кралството Тајланд и Монголија.