ИСТРАГАТА ЗА „ИМПЕРИЈА“ ЗАВРШИ, ПОВЕЌЕ ЛИЦА БАРААТ СПОГОДБА, КАЖА ОБВИНИТЕЛКАТА СТЕФАНОВА И НАЈАВИ МНОГУ ПОГОЛЕМА КОНФИСКАЦИЈА НА ИМОТ ОД ТРИТЕ МИЛИОНИ ЕВРА НА ГРУЕВСКИ

    ИСТРАГАТА ЗА „ИМПЕРИЈА“ ЗАВРШИ, ПОВЕЌЕ ЛИЦА БАРААТ СПОГОДБА, КАЖА ОБВИНИТЕЛКАТА СТЕФАНОВА И НАЈАВИ МНОГУ ПОГОЛЕМА КОНФИСКАЦИЈА НА ИМОТ ОД ТРИТЕ МИЛИОНИ ЕВРА НА ГРУЕВСКИСе надевам дека за „Империја“ ќе има јавнообвинителска одлука кон крајот на мај, рече Лиле Стефанова. (Фото: К. Попов)

    По изрекувањето на затворските казни за избеганиот експремиер Никола Груевски, братучедот и ексдиректор на УБК Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев во случајот „Плацеви на Водно“, обвинителката Лиле Стефанова денеска прашана за истрагата за „Империја“ и поднесување обвинение, најави дека во тек се понуди за спогодба од осомничените во овој голем случај на перење пари, во кој државата е оштетена со милионски суми евра.

    „Да, истрагата за ‘Империја’ е завршена. Се надевам дека ќе има јавнообвинителска одлука кон крајот на мај. А за евентуалните понудени спогодби за кои прашувате, еве јавно ќе потврдам. Понудени се спогодби за признавање на вина од страна на повеќе од осомничените во ‘Империја’ и сега јас во оваа прилика нема да спомнувам имиња и презимиња. Ќе истакнам дека ова е законски дозволен процес и е во тек“, рече Стефанова.

    На новинарско прашање дали таа конфискација е поголема од оваа денеска, за која судот одлучи да се одземе имот на Груевски стекнат со перње пари чија пазарна вредност во моментов е 3 милиони евра, Стефанова кажа:

    „Многу поголема вредност ќе има имотот што ќе се одземе во ‘Империја’“.

    Во предметот „Плацеви на Водно“, избеганиот Груевски, кој ја ограбил ВМРО-ДПМНЕ за 1.360.000 евра кои ги пуштил во оптек и ги испрал за да купи плацеви од 11 илјади метри квадратни за себе на Водно, денеска е осуден на единствена казна од 7 години затвор. Сашо Мијалков, за помагање во перењето на парите, осуден е на година и три месеци затвор, а Орце Камчев на една година затвор. За помагање на условна казна затвор се осудени и Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира