ИВАНОВ НЕ КАЖА ЗА КОИ 22 ПОЛИТИЧАРИ ГИ ПОВЛЕКОЛ ПОМИЛУВАЊАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИВАНОВ НЕ КАЖА ЗА КОИ 22 ПОЛИТИЧАРИ ГИ ПОВЛЕКОЛ ПОМИЛУВАЊАТА

    Претседателот Ѓорге Иванов не ги кажа имињата на 22 политички експонирани лица за кои ја повлече аболицијата од 12 април.  Нивните имиња ќе излезат во Службен весник, така што засега не се знае кои од 56-те имиња на списокот за аболиција за претседателот се политички експонирани, а кои не се. На останатите им е оставена можноста индивидуално да си поднесат барање до него да им биде повлечена аболицијата.

    Аболицијата се однесуваше на политичари и нивни соработници кои се осомничени или под истрага на Специјалното јавно обвинителство за криминал што може да произлезе од содржината на прислушуваните разговори.

    Еден од помилуваните, Коста Крпач веќе е починат. Минатиот месец тој беше најден прострелан во градите во својот стан во Скопје, а јавното обвинителство се уште нема објавено дали станува збор за убиство или самоубиство. Специјалното јавно обвинителство соопшти дека Крпач не бил ниту осомничен, ниту под истрага, туку бил сведок во еден од предметите на СЈО.

    “На 12 ти април донесов одлука за помилување, ослободување од гонење без спроведување на постапка, за поголем број лица, согласно Уставот и Законот за помилување. Одлука за која како тогаш, така и сега сметам дека ја донесов исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија. Многумина за жал не ја разбраа оваа идеја, или можеби не сакаа да ја разберат. Дебатите и во домашната и во меѓународната јавност отидоа во друг правец. Бев обвинуван дека сум сакал да ги заштитам политичарите, дека сум креирал селективна правда, дека политичарите се над законите”, рече Иванов во денешното обраќање до нацијата.

    „Најсовесно изјавувам дека немав таква намера. За разлика од 12 април, денеска имаме нова реалност во Македонија. Во услови на надворешни закани и безбедносни ризици, имаме функционални институции, кои можат да се справат со предизвиците од мигрантската криза, особено во пресрет на најавите за новиот бран на бегалци и мигранти“, рече тој образложувајќи го поништувањето на дел од одлуките за помилување.

    „Не сакам веќе никој да има сомнеж. Ниту еден политичар не е над законот. Ниту еден политичар не е недопирлив. Напротив, секој ќе одговара за своите постапки“, рече Иванов и додаде дека искрено верувал и сѐ уште верува дека одлуката за помилување била најдобрата можност за излез од политичката криза.

    „Убеден сум дека без враќање на меѓусебната доверба и без помирување во која било форма, оваа криза ќе трае уште долго, што не е од интерес ниту за граѓаните, ниту за државата“, рече претседателот Ѓорге Иванов, образложувајќи ја најновата одлука за делумно повлекување на аболицијата само за политички експонирани лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари