ИВАНОВ ОБВИНИ ДЕКА СЈО ГО УЦЕНУВА ВМРО-ДПМНЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИВАНОВ ОБВИНИ ДЕКА СЈО ГО УЦЕНУВА ВМРО-ДПМНЕ

    Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов вечерва го обвини Специјалното јавно обвинителство дека наместо инструмент за правда се покажало како инструмент за уцена. „Од сите милион фајлови што ги имаат, ги одбраа само тие што се однесуваат за ВМРО-ДПМНЕ. Наместо Специјално обвинителство добивме селективно обвинителство“, рече Иванов.

    Тој истакна дека против Македонија се води специјална војна. Тој повторно ја бранеше својата одлука за помилување затоа што имало опасност од меѓумакедонски судир. Откри дека од разузнавачки извори бил информиран дека протестите биле планирани и без неговата одлука за аболиција.

    Претседателот ги обвини лидерите на ДУИ и СДСМ дека не ја почитуваат правната држава оти наместо кај него, одела кај странците, а од Зоран Заев побара да го искористи законското право да му биде повлечена аболицијата дадена од претходниот претседател Бранко Црвенковски.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари