ИВАНОВ ПОБАРА И ПОТПИСИ И ГАРАНЦИИ ОД ЗАЕВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИВАНОВ ПОБАРА И ПОТПИСИ И ГАРАНЦИИ ОД ЗАЕВ

    По средбите со лидерите на партиите што имаат пратеници во новиот парламентарен состав, претседателот Ѓорге Иванов синоќа имаше обраќање и кажа дека мандатот за составување влада ќе го врачи на оној лидер кој ќе му достави 61 потпис како доказ дека има мнозинство, но побара и гаранции во врска државните интереси и националната безбедност.

    „Мандат ќе добие коалицијата што обезбедила мнозинство во Собранието. Се раговараше за сите можни варијанти во случај да не се обезбеди мнозинство. Што и да се случи, ќе бидат отворени сите опции“, рече Иванов и додаде дека од тој што ќе ја состави владата, бара две работи: заштита на државните интереси на Македонија и, второ, системска реформа на системот на национална безбедност.

    По обраќањето, Иванов веднаш си замина и ги остави новинари без можност да поставуваат прашања.

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев, по двочасновниот разговор со Иванов во вилата Водно, изјави дека Иванов му рекол за да докаже дека има мнозинство да му донесе потписи од 61 пратеник по што ќе ќе му го даде мандатот.

    Тој рече дека нови избори ѝ одговараат на СДСМ, но не и на Република Македонија за да не се продлабочи политичката криза.

    По средбата со претседателот, лидерот на ДУИ Али Ахмети симболично се изрази дека сега бомбата е во рацете на Иванов.

    „Јас ја имав бомбата, да се изразам симболично и ја фрлив кај претседателот. Сега не знам каде тој ќе ја фрли“, рече Ахмети.

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој го имаше мандатот и не успеа да состави влада, си замина од средбата со Иванов без да даде изјава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира