ИЗБЕГНАТ ИНЦИДЕНТ, АКТИВИСТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СО СКИНАТА МАИЦА И МОДРИНКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИЗБЕГНАТ ИНЦИДЕНТ, АКТИВИСТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СО СКИНАТА МАИЦА И МОДРИНКИ

    Павле Богоевски, активистот на Шарената револуција синоќа беше лесно повреден кога се обидуваше да ја пробие полоициската блокада кон зградата на Министерството за финансии за време на протестот против задолжувањето од 650 милиони евра. Како што јавија репортерите на САКАМДАКАЖАМ.МК, во влечењето со полицајците, на Павле му беше скината маицата и доби модринки по грбот.

    На вчерашниот протест за малку беше избегнат инцидент кога полицијата ги спречи демонстрантите да се приближат до Министерството за финансии и ги заглави во преминот кај кафулето „Корзо“ под Градски ѕид. Демонстрантите се обидуваа да пристигнат пред Министерството преку премините и подземните гаражи и на крај го поминаа кордонот откако им се спротивставија на полицајците.

    Откако демонстрантите се пробија до Министерството за финансии, ја обоија фасадата во знак на протест за најавеното задолжување од 650 милиони евра, а група девојки со кармин испишаа пораки на вратата (Фото: СДК.МК)

    Откако демонстрантите се пробија до Министерството за финансии, ја обоија фасадата во знак на протест за најавеното задолжување од 650 милиони евра, а група девојки со кармин испишаа пораки на вратата (Фото: СДК.МК)

    Павле Богоевски е еден од попознатите активисти на Шарената револуција. Тој на 19 јуни беше уапсен на кејот на Вардар кога за време на говорот на поранешниот премиер Никола Груевски за прославата на 26 години постоење ВМРО -ДПМНЕ, се обиде да постави платно со антивладини пораки на ѕидот спроти Музејот на ВМРО каде што се славеше роденденот на владејачката партија.

     

    Тогаш заработи прекршочна пријава за која активистите за човекови права велат дека е глупава затоа што не може да се казни граѓанин што пишува политички пораки на платно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира