Јоханес Хан, Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, вели дека е важно условите за веродостојни избори да бидат целосно исполнети и граѓаните да можат слободно да учествуваат на изборите пред утрешната посета на Скопје. Комесарот Хан, кој утре ќе се сретне со лидерите на четирите најголеми политички партии, како и со специјалната обвинителка и со претставници на граѓанското општество, изјави дека со нетрпение ја очекува посетата на Скопје.
„Договорот постигнат минатото лето од сите главни политички партии за закажување датум за избори овој декември е добар чекор. Сепак, ова е само почетокот: важно е условите за веродостојни избори да бидат целосно исполнети и граѓаните да можат слободно да учествуваат на изборите. Ќе се сретнам со сите главни политички учесници во дијалогот, вклучувајќи ги Специјалниот јавен обвинител и претставници на граѓанското општество да дискутираме како да се забрза имплементацијата на ургентните законски реформи. Сето ова е клучно земјата да може да направи значителен прогрес на патот кон ЕУ. Исто така, се нетрпение очекувам да слушнам од Специјалниот обвинител како напредува нејзината работа и предизвиците што со кои се соочува“, кажа Хан во соопштението пред утрешната посета.