Синоќа во Собранието по скратена постапка беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за енергетика поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Измените беа усвоени со 84 гласови „за“.
Со измените, наместо маржа од 11,5 отсто ќе наплаќа маржа од 9,9 проценти. Со тоа, треба од 1 јули да нема поскапување на струјата односно тоа да биде минимално.
„Не очекувам да има зголемување на струјата за првата и втората категорија или тоа да биде минимално под еден процент што е двојно помало од инфлацијата“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.
Новата цена на струјата треба да се пресметува од први јули. Одлуката треба да ја донесе Регулаторната комисија за енергетика на утрешната седница.