ИЗГОРЕ АВТОБУС СО СРПСКИ ТУРИСТИ НА ТАБАНОВЦЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    ИЗГОРЕ АВТОБУС СО СРПСКИ ТУРИСТИ НА ТАБАНОВЦЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИНиту еден од 72-та патници не е повреден - автобусот од Нови Сад на граничниот премин Табановце -(Фото: СДК.МК)

    Нема повредени патници откако српски автобус со новосадски регистарски ознаки, попладнево се запалил на граничниот премин Табановце, пред да ја помине граничната контрола.

    Во противпожарната единица Куманово, пожарот бил пријавен во 15.45 часот, по што прво на терен излегло една возило, а потоа било побарано засилување. Пожарот е локализиран,а автобусот целосно изгорел – информираат кумановските пожарникари.

    Автобусот на превозникот Јадран лајн од Нови Сад се враќал од Паралија, Грција и во него имало 72 патници, кои навреме го напуштиле автобусот и нема повредени.

    Причината за пожарот најверојатно е електрична инсталација.

    Увид на лице место врши екипа на СВР Куманово. По пожарот нема застој на граничниот премин Табановце и сообраќајот се одвива редовно.

    С.НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира