ИЗМАМА СО ДОСТАВА НА ПОШТЕНСКИ ПРАТКИ СЕ ШИРИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ И ПО МЕЈЛ

    ИЗМАМА СО ДОСТАВА НА ПОШТЕНСКИ ПРАТКИ СЕ ШИРИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ И ПО МЕЈЛСкриншот од прозорецот за уплата до кој води линкот во пораката на измамниците. (Фото: СДК.МК)

    На социјалните мрежи се појавува дезинформација за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својата пратка, соопштија од АД „Пошта на Северна Македонија”, оградувајќи се овие објави. Кога ќе се кликне на линкот се отвара прозорче во кое треба да се остават податоци од кредитна картичка.

    Порака со ваква содржина им е стигната на електронска пошта на многу граѓани.

    “АД ‘Пошта на Северна Македонија’ не стои зад овие објави, а секое неовластено претставување во име на ‘Пошта на Северна Македонија’ претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност. Сите вакви случаи кои стигнуваат до нас веднаш се документираат и се пријавуваат до МВР на понатамошно постапување”, велат од Пошта.

    Оттаму потсетуваат дека единствено и официјално известување за достава на вашите пратки го вршат нивните пошторазнесувачи.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира