Извештаите за работата на Народниот правобранител и за работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), како што рече претседателот на Комисијата за политички систем Александар Кирацоски, ќе бидат ставени на дневен ред на наредната седница в среда.
Собраниската Комисија за политички систем и односи со заедниците не ги прифати годишните извештаи за работа на Државната комисија за одлучување во втор степен за инспекциски надзор и прекршочна постапка и на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Претходно, Кирацовски го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се тргне од дневен ред извештајот за работата на Комисијата за одлучување во втор степен за инспекциски надзор поради отсуство на претставник од Комисијата.