Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски и четворица вработени во општината денеска беа донесени на распит во Основниот суд Скопје 1, откако Финансиската полиција им поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластувања. Покрај Јакимовски, осомничени се М.Д., раководител на Секторот за јавни набавки, Н.Н. помошник раководител на Секторот за финансиски прашања, С.М. раководител на Одделението за норматива во правниот сектор и А.С., раководител на Одделението за сметководство.
Како што соопшти Финансиската полиција, злоупотребувајќи ја службената положба и овластувања Јакимовски и неговите соработници им овозможиле да се стекнат со противправна имотна корист на правните лица Алконпроект во износ од 33.789.441 денари и С.М. Компани во износ од 2.845.234 денари, со што го оштетиле буџетот на општината Карпош вкупно за 36.634.675 денари.
Станува збор за неправилности при две постапки за јавни набавки во текот на 2012 и 2013 година и една во текот на 2016 година.