ЈАНЕВА ПО АПСЕЊЕТО ОДНЕСЕНА ВО СЈО, СЕ ЗАПЛЕНУВА НЕЈЗИНИОТ КОМПЈУТЕР

    ЈАНЕВА ПО АПСЕЊЕТО ОДНЕСЕНА ВО СЈО, СЕ ЗАПЛЕНУВА НЕЈЗИНИОТ КОМПЈУТЕРДел од обвинителите од СЈО се внатре, додека тимот истражители врши претрес само во канцеларијата на Јанева. (Фото: СДК.МК)

    По приведувањето од дома со полиција, Специјалната обвинителка Катица Јанева е донесена во просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Полиција го обезбедува пристапот.

    Дел од обвинителите од СЈО се внатре, додека тимот истражители врши претрес само во канцеларијата на Јанева. Се очекува да биде запленет нејзиниот компјутер и други предмети што би послужиле како доказ во истрагата „Рекет“, во делот за вршење влијанија врз истрагите каде што е опфатена специјалната  обвинителка како осомничено лице.

    Досега на Јанева ѝ се одземени само двата телефона, и тие се веќе на вештачење во МВР. За третиот телефон таа изјави дека го изгубила.

    Обвинителката во Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска, која ја води истрагата за „Рекет“, за 14 часот најави прес-конференција.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира