ЈАНКУЛОСКА БАРА ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИЈКАТА КАЦАРСКА ВО „ТЕНК“, ТВРДИ ДЕКА ЈА ДЕГРАДИРАЛА, ДИСКРИМИНИРАЛА, ВОЗНЕМИРИЛА И ПОНИЖИЛА

    ЈАНКУЛОСКА БАРА ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИЈКАТА КАЦАРСКА ВО „ТЕНК“, ТВРДИ ДЕКА ЈА ДЕГРАДИРАЛА, ДИСКРИМИНИРАЛА, ВОЗНЕМИРИЛА И ПОНИЖИЛАСудијката Добрила Кацарска ја издвои Гордана Јанкулоска во посебна постапка во предметот на СЈО „Тенк“ уште пред да се породи.(Фото: К. Попов)

    Поради закажување на осум рочишта во еден месец додека обвинетата поранешна министерка Гордана Јанкулоска уште не беше во издвоена постапка во „Тенк“ за луксузниот мерцедес и за цитатот во пресудата: „Јанкулоска со умисла го поттикнала Поповски да ја злоупотреби службената положба и овластувањата“, Јанкулоска денеска побара изземање на судијката Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1.

    Јанкулоска во поднесокот за изземање навела дека односот на Кацарска кон неа не бил вообичаен како со останатите обвинети, туку дека судијката имала нетрпеливост и предрасуди кон неа.

    Кацарска ја издвои Јанкулоска во посебна постапка уште пред да се породи. Во моментов ѝ дава двоиполчасовни паузи за доенчето, но како и претходно за Никола Груевски и за Ѓоко Поповски, и овојпат таа закажа повеќе рочишта однапред, недозволувајќи како во неколку други случаи во Кривичниот суд  предметот да ѝ се развлече до недоглед.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира