ЈАНКУЛОСКА ДОЈДЕ НА ОДЛОЖЕНОТО РОЧИШТЕ ЗА „ТИТАНИК“

    ЈАНКУЛОСКА ДОЈДЕ НА ОДЛОЖЕНОТО РОЧИШТЕ ЗА „ТИТАНИК“Рочиштето за „Титаник“ беше одложено бидејќи Врховниот и Апелацискиот суд не одговориле на барањето на одбраната за изземање на судии. - Гордана Јанкулоска со адвокатскиот тим утринава пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, чие судење поради ризична бременост е издвоено во предметот „Тенк“, денеска дојде на судењето за „Титаник“. Судијата Осман Шабани ја праша обвинетата Јанкулоска дали е добро, на што доби потврден одговор, пред да го одложи судењето за 9 мај.

    Одложувањето е поради тоа што Врховниот и Апелацискиот суд сè уште не ги доставиле одговорите на барањето за изземање на в.д. претседателот на Апелацискиот суд и неговиот заменик, како и на претседателот на Основниот суд Скопје 1 и неговиот заменик на барање на одбраната.

    Покрај Јанкулоска, обвинети од СЈО во „Титаник“ за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година се: Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира