ЈАНУШЕВ ПРИЈАВИЛ ДЕКА НА ПОДАРОК ДОБИЛ ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ВРЕДНО 325.000 ЕВРА

    ЈАНУШЕВ ПРИЈАВИЛ ДЕКА НА ПОДАРОК ДОБИЛ ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ВРЕДНО 325.000 ЕВРАИгор Јанушев беше назначен за генерален секретар на првата седница на новата влада минатиот месец. (Фото: Влада)

    Генералниот секретар на Владата Игор Јанушев во најновиот анкетен лист за имотната состојба пријавил дека во 2023 година по основ на договор за подарок се стекнал со градежно изградено земјиште од 165 м2 во скопската Општина Центар. Според пријавеното, вредноста на земјиштето изнесува 20 милиони денари, или 325 илјади евра, и е со намена А2-2 станбено-деловна зграда.

    Игор Јанушев беше назначен за генерален секретар на првата седница на новата влада минатиот месец, а беше пратеник во претходниот состав на парламентот.

    Во септември минатата година беше неправосилно осуден на две години затвор условно за пропусти при набавката на кинеските автобуси во случајот на поранешното СЈО познат како „Дизајн“. Јанушев беше директор на ЈСП во 2010 година кога беше направена набавката на двокатните автобуси.

    Сепак, пресудата немаше никакво значење, бидејќи еден ден претходно Собранието го избриша ставот 5 од членот 353 од Кривичниот законик според кој беше осуден Јанушев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира