ЈАС ИМАМ 32 ИЛЈАДИ ПРЕГЛЕДИ НА ФЕЈСБУК ЗА ВЛАДИНАТА МЕРКА, ТВОИТЕ 400 КОМЕНТАРИ ОД ПАРТИСКИ БОТОВИ СЕ НАРАЧАНИ, СЕ КАРАА ПРАТЕНИЦИТЕ МИНОВ И РИСТЕСКИ НА РАСПРАВАТА ЗА КАНДИДАТИ ЗА УСТАВНИОТ СУД

    ЈАС ИМАМ 32 ИЛЈАДИ ПРЕГЛЕДИ НА ФЕЈСБУК ЗА ВЛАДИНАТА МЕРКА, ТВОИТЕ 400 КОМЕНТАРИ ОД ПАРТИСКИ БОТОВИ СЕ НАРАЧАНИ, СЕ КАРАА ПРАТЕНИЦИТЕ МИНОВ И РИСТЕСКИ НА РАСПРАВАТА ЗА КАНДИДАТИ ЗА УСТАВНИОТ СУДПратениците Ристески и Минов се расправаа за прегледи и коментари на Фејсбук за време на комисиската расправа за кандидати за уставни судии. (Фото: СДК.МК)

    По пауза за летните одмори, собраниската Комисија за избори и именувања ја продолжи расправата за кандидатите за уставни судии.

    Тања Васиќ – Бозаџиева е спорна и за пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека таа ќе носи пресуди под диктат на актуелната власт. Уставниот суд не носи пресуди, туку одлуки.

    Ристески дополни дека таа кандидaтурата си ја откупила со тоа што давала лиценци на семејството Заеви за производство на марихуана.

    „Место да ставиме независни експерти како професорот Саво Климовски, вие ставате партиски послушници кои ќе го штитат криминалот на власта”, рече Ристески за професорот Климовски кој качен на гајба на протестите на ВМРО-ДПМНЕ против мирно примопредавање на власта, повикуваше на насилно влегување во Собранието во април 2017 година.

    Климовски е предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и уште не е стигнат на расправа во Комисијата.

    Потоа Ристески потсети на ниската доверба во судството и на неуспешната борба против корупцијата.

    Ристески немаше слушатели од владејачката коалиција во салата „Борис Трајковски”, освен пратениците Панчо Минов и Моника Зајкова.

    Минов во реплика отиде во друга насока, место да му одговори на кажаното, го обвини Ристески дека ја одолговлекува работста на Комисијата, на штета на работата на Уставниот суд, кој подолго време работи само со 5 судии, кои чекаат избор на 4 колеги на кои одамна им заврши мандатот.

    „Кој си бе ти да ми кажуваш што да зборам”, викаше од место Ристески.

    „Зборувате за корупција во власта, го спомнувате Заев дека се мешал во судството. Зошто не кажете нешто за корупцијата кај градоначалниците?”, продолжи Минов.

    Бидејќи Ристески спомна нешто и за земјоделие, за срамни над 400 коментари на Фејсбук по објава на владина мерка, Минов и за тоа му реплицираше.

    32 илјади прегледи за земјоделска мерка имал Минов кога ја пофалил Владата за мерката.

    „Вашите 400 негативни коментари се од партиски ботови, не ме интересираат, јас имам 32 илјади прегледи на објавениот статус”, му реплицираше Минов на Ристески кога зборувајќи за кандидатката Васиќ, се префрли кусо на земјоделска тема.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира