ЈАС НЕ ПОЧУВСТВУВАВ ЗАКАНА ИЛИ ВЛИЈАНИЕ ОД ЈАНЕВА ШТО ДА КАЖАМ НА РАСПИТОТ ЗА „РЕКЕТ“, ВЕЛИ ОБВИНИТЕЛОТ ОД СЈО РУСТЕМИ

    ЈАС НЕ ПОЧУВСТВУВАВ ЗАКАНА ИЛИ ВЛИЈАНИЕ ОД ЈАНЕВА ШТО ДА КАЖАМ НА РАСПИТОТ ЗА „РЕКЕТ“, ВЕЛИ ОБВИНИТЕЛОТ ОД СЈО РУСТЕМИНа новинарско прашање до каде е истрагата „Поштенска банка“, обвинителот од СЈО Бурим Рустеми одговори дека е при крај и наскоро ќе се преземат следните активности. (Фото: МИА)

    Обвинителот од СЈО Бурим Рустеми, кој денеска сведочеше пред обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска во корист на истрагата „Рекет“ одби да даде детали за колегиумот во СЈО во понеделникот за кој неговата колешка Фатиме Фетаи вчера рече дека бил свикан за да им се закани Катица Јанева ако не ја бранат од нападите за посредништво за рекет.

    „Јас нема да откривам детали од тоа заедничко пиење кафе на колегиумот со Јанева. Можам да кажам само дека јас лично не почувствував закана или влијание од некого за што да кажам или што да не кажам во денешното сведочење во истрагата ’Рекет‘“, рече Рустеми.

    Тој за денешниот распит како сведок пред Рускоска кажа дека бил распрашуван конкретно за истрагата „Поштенска банка“ чиј предметен обвинител е тој.

    „Одговорив на сите прашања во врска со тоа како се водела истрагата ’Поштенска банка‘. Одговорив на сè што ме прашаа во ова обвинителство и сметам дека моите одговори ќе придонесат во правец на успешно водење на истрагата ’Рекет‘“, рече Рустеми.

    На новинарско прашање дали бил прашан и за станот кој требало да биде во рамки на замрзнатиот имот на осомничен во „Поштенска банка, но бил изземен од замрзнување по наредба на Јанева, а потоа продаден на нејзиниот пријател, ексдиректорот на МЕПСО Сашо Василевски, тој рече дека одговорил на сите прашања што му ги поставил обвинителот кој го вршел денешниот распит.

    На новинарско прашање до каде е истрагата „Поштенска банка“, Рустеми одговори дека е при крај и наскоро ќе се преземат следните активности.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира