ЈАВНА РАСПРАВА ЗА УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ ДА ИМА И НАДВОР ОД СКОПЈЕ, ОДЛУЧИ ТЕЛОТО ЗА ПОМИРУВАЊЕ

    ЈАВНА РАСПРАВА ЗА УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ ДА ИМА И НАДВОР ОД СКОПЈЕ, ОДЛУЧИ ТЕЛОТО ЗА ПОМИРУВАЊЕОд денешната седница на подгрупата за интеграции на интерпартиското тело за помирувње во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Јавната расправа по завршувањето на гласањето во Собранието за уставните нацрт-амандмани, покрај во Скопје, да има и во други градови низ Македонија, беше договорено на денешната седница на подгрупата за интеграции на интерпартиското тело за помирување.

    „Се договоривме, покрај во Скопје, МАНУ и другите институции кои што се наоѓаат во главниот град, јавни расправи за нацрт-амандманите да се одржат и во други градови, онаму каде што има универзитетски центри, како Битола, Штип, Тетово, но можеби и во други градови. Нам пратениците ни е битна јавната расправа за да се види како ќе се одвиваат понатамошните активности“, изјави пратеникот Јован Митревски од СДСМ, кој раководи со подгрупата за интеграции.

    Јавната расправа треба да трае пет дена по изгласувањето на уставните нацрт-амандмани, а се очекува денес во Собранието да бидат изгласани преостанатите два нацрт-амандмани, предвидени со Договорот од Преспа. По завршување на јавната расправа, за два дена треба да се изготви извештај од расправата, а потоа претседателот на Собранието Талат Џафери треба да закаже седница.

    Според Митревски, целиот процес за носење на уставните измени треба да заврши до средината или крајот на јануари.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира