ЈСП „СКОПЈЕ“ ДАВА ПРЕДЛОЗИ ЗА ЦЕНАТА НА МЕТАНОТ, А НЕ ГИ ЗНАЕ ЗАКОНИТЕ, ВЕЛИ БИСЛИМОСКИ ОД РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА

    ЈСП „СКОПЈЕ“ ДАВА ПРЕДЛОЗИ ЗА ЦЕНАТА НА МЕТАНОТ, А НЕ ГИ ЗНАЕ ЗАКОНИТЕ, ВЕЛИ БИСЛИМОСКИ ОД РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА„Цената ма метанот или природниот гас се регулира на пазарот и според Законот за енергетика ние не определуваме набавни цени", вели Бислимоски, претседателот на Регулаторна комсија. (Фото: Регулаторна комисија)

    Регулаторната комисија не може да ја замрзне цената на метанот, тоа е спротивно на Законот на енергетика, вели претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски, откако денеска директорот на ЈСП „Скопје“ Иван Илиевски побара комисијата да ја замрзне цената на метанот по зголемувањето од 50 на 110 денари за килограм.

    „Регулаторна комисија нема никаква надлежност во регулирање на цената на метанот. Цената ма метанот или природниот гас се регулира на пазарот и според Законот за енергетика ние не определуваме набавни цени”, вели Бислимоски.

    На метан возат 33 нови автобуси МАН на ЈСП и според пресметките на јавното претпријатие, со новата цена двојно ќе се зголемат трошоците за гориво, односно наместо 1 милион евра ќе бидат потребни 2 милиони евра. Директорот Илиевски побара и финансиска помош од Владата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира