ЈУГОХРОМЦИ УТРЕ ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ ПРЕД СУДСКА ПАЛАТА ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Тетово,(Мета)

    ЈУГОХРОМЦИ УТРЕ ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ ПРЕД СУДСКА ПАЛАТА ВО СКОПЈЕ

    Синдикатот на вработените на комбинатот „Југохром“ утре ќе организира уште еден протестен собир против, како што велат, неоправданото исклучување на печките на фабриката, јави агенцијата „Мета“.

    Мирниот протест ќе се одржи в четврток во Скопје, каде вработените еден час ќе ја блокираат крстосницата пред Судска палата. Протестот ќе почне во 12 часот.

    По 13 часот вработените ќе се упатат пред Инспекторатот на Министерството за животна средина, каде што ќе достават протестно писмо против неоправданото исклучување на печките на комбинатот „Југохром“.

    Пред 11 дена вработените од „Југохром“ го блокираа автопатот Тетово – Скопје, кај наплатната рампа Желино. Тие побараа повлекување на одлуката на Инспекторатот за животна средина за исклучување на печките на „Југохром“, добивање статус на работниците додека не се рестартира фабриката и забрзување на изградбата на филтер-станицата на комбинатот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира