КАКО Е МОЖНО ИПАРД 2 ДА ЈА СПРОВЕДЕМЕ ЗА 4 МЕСЕЦИ, А ВАМ ЗА ИПАРД 3 ДА ВИ ТРЕБААТ 18 МЕСЕЦИ И ВО ПРЕДМЕТИТЕ ВО ФИОКА ДА ВИ ГО НАЈДАТ ТОЈ СО МИТОТО, ПРАША НИКОЛОВСКИ, НО МИНИСТЕРОТ ТРИПУНОВСКИ НЕ ДОЈДЕ ДА ОДГОВОРА НА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА

    КАКО Е МОЖНО ИПАРД 2 ДА ЈА СПРОВЕДЕМЕ ЗА 4 МЕСЕЦИ, А ВАМ ЗА ИПАРД 3 ДА ВИ ТРЕБААТ 18 МЕСЕЦИ И ВО ПРЕДМЕТИТЕ ВО ФИОКА ДА ВИ ГО НАЈДАТ ТОЈ СО МИТОТО, ПРАША НИКОЛОВСКИ, НО МИНИСТЕРОТ ТРИПУНОВСКИ НЕ ДОЈДЕ ДА ОДГОВОРА НА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊАЗаменикот-министер за земјоделие Албрим Хоџа рече дека Министерството писмено ќе му одговори на пратеникот Николовски. (Фото: СДК.МК)

    Во ек на актуелниот голем скандал во врска со програмата на ЕУ за земјоделие ИПАРД 3, на денешната седница за опозициски пратенички прашања, каде претходно се знаеше редоследот и дека прв за оваа тема е пријавен да прашува ексминистерот за земјоделие Љупчо Николовски од СДСМ, министерот за земјоделство Цветан Трипуновски не дојде .

    Николовски го обвини дека бега не само од прашањата за скандалот, туку и од соочување со земјоделците, кои со денови чекаат одговор што ќе се случи со нивните вложувања, со нивните пари како корисници на европската помош, откако директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството, беше фатен со мито.

    „Македонија е во еден шок, за вторпат во време на ВМРО-ДПМНЕ, имаме суспендирани ИПАРД средства. Министерот Цветан Трипуновски прво криеше за скандалот, а денеска го нема тука во Собранието. Ова е удар врз македонското земјоделство, 130 милиони евра средства се замрзнати, 3.000 нови бизниси се стопирани, 10.000 нови вработувања се загрозени. Над 40 отсто од стручните кадри ги смени, третата ИПАРД програма ја закопавте во место. Подадов рака да направиме заедно акциски план, уште чекам детален извештај од Министерството за земјоделство за состојбата со ИПАРД програмата. Зошто не го праќа министерот тој извештај до Парламентот? Дали ќе презеде лична и политичка одговорност за овој мега скандал?”, поставуваше Николовски прашања кон празното столче на Цветан Трипуновски.

    Заменикот-министер за земјоделие Албрим Хоџа рече дека Министерството писмено ќе му одговори на пратеникот Николовски.

    Но, сепак кажа дека „од 453 договори, само за 50 има застој, за да се провери дали нешто е незаконско”.

    За кадровските смени рече дека Владата одредила нови директори во институцијата, дополнувајќи дека во Министерството има луѓе со 15 години работен стаж, Албанци конкретно, кои работеле како помлади референти.

    „Заменик-министре, вашиот министер е фатен со рачињата во европскиот мед. Зошто времето да се отвори и затвори ИПАРД 3 сега трае 18 месеци, а за ИПАРД 2 и другите проекти ни беше потребно само 4 месеци? Моето прашање беше ова, но и – зошто ви ги фатија на биро десетици предмети, меѓу кои и тој за кој притворениот директор зел мито?”, препраша Николовски.

    Остана неизвесноста за тоа што се случува со замрзнатите средства на земјоделците, а и зошто доцнат земјоделските субвенции од државата, бидејќи и такво тврдење изнесе Николовски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира