КАМЧЕВ ОСТАНУВА ВО КУЌЕН ПРИТВОР, ЌЕ БАРА СПАС ВО ВРХОВНИОТ СУД

    КАМЧЕВ ОСТАНУВА ВО КУЌЕН ПРИТВОР, ЌЕ БАРА СПАС ВО ВРХОВНИОТ СУДБизнисменот Орце Камчев беше уапсен на 15 декември во истрагата „Империја“ за перење пари и судија на претходна постапка му одреди мерка притвор. По месец и пол во Шутка, тој беше пуштен во куќен притвор, на предлог на СЈО.

    Бизнисменот Орце Камчев останува во куќен притвор, откако Апелациониот суд денеска му ја одби жалбата на мерката на претпазливост што му е одредена како осомничен во случајот на СЈО „Империја“. Сега Камчев има право да поднесе жалба на одлуката на Апелација до Врховниот суд и највисокиот суд, ако се води по своето начелно правно мислење за истрагите на СЈО, ќе го ослободи него и сите други притворени во случајот „Империја“.

    Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска кажа ќе бара автентично толкување на членот 22 од законот за СЈО, откако на 30 јануари 2019 Врховниот суд донесе начелно мислење дека СЈО не е овластен тужител по 30 јуни 2017. Но, додека патува барањето за автентичното толкување и додека Собранието ја стави на дневен ред оваа точка, Врховниот суд може да ги ослободи Камчев, Сашо Мијалков, Цветан Панделески и другите осомничени во „Империја“. Камчев беше пуштен од Шутка во куќен притвор на 27 декември, на предлог на СЈО.

    Осомничените во „Империја“, според СЈО наводно испрале најмалку 10,5 милиони евра. Засега, истрагата на СЈО опфаќа 13 луѓе и мрежа на фирми, но специјалната обвинителка Катица Јанева најави дека истрагата се проширува.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира