Скопје, 21 март,2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) Канаѓанката Маргарет Етвуд е добитник на “Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за оваа година, соопштија од СВП на прес-конференција.
Родена е во 1939 во Отава. Таа е романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка. Во творештвото е главно преокупирана со прашања на феминизмот.
Добитник е на највисоки книжевни признанија во Канада, ностител е на францускиот орден Легија на честа. Во 2000 година ја доби Букеровата награда за романот “Слеп убиец“.
Етвуд е трета жена што го добива Златниот венец, по Десанка Максимовиќ и Нанси Морехон.
Годинава СВП се одржуваат по 55-ти пат, традиционално во последниот викенд од август.