КАРИЛ ДОБИ ВИДЕО ЛАРИНОСКОП И ЕНДОСКОП ЗА ИНТУБИРАЊЕ НА ПАЦИЕНТИТЕ

    КАРИЛ ДОБИ ВИДЕО ЛАРИНОСКОП И ЕНДОСКОП ЗА ИНТУБИРАЊЕ НА ПАЦИЕНТИТЕАпаратот за видео лариноскопија и ендоскопија за 70.000 евра го набави Министерство за здравство.- директорката на КАРИЛ Маја Мојсова (Фото: Министерство за здравство

    Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ доби нов апарат за видео лариноскопија и ендоскопија, со кој анестезиолозите ќе можат полесно да обезбедат дишен пат за пациентите кои се во ризик. Апаратот го набави Министерството за здравство за 70.000 евра.

    Директорката на КАРИЛ Маја Мојсова вели дека досега овие зафати на клиниката се правеле механички со директна визуелизација, а дека отсега со апаратот кој има мала камера и екран анестезиологот и неговиот тим ќе имаат комплетен увид како се прави зафатот.

    „Оваа платформа е многу важна за лекарите, но и за пациентите на кои треба да им се се поставуваат тубуси.  Тоа е неопходно за сите пациенти врз кои се врши некој посериозен зафат“, вели д-р Мојсова.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира