Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во 1 часот по полноќ ќе дава изјава пред Министерството за внатрешни работи, објави СЈО на својот Фејсбук профил.
Претходно Специјалното јавно обвинителство објави дека директорот на Управата за јавна безбедност и контраразузнавање, директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов вршат опструкција на собирањето докази во зградата на УБК каде што со судски налози влезе Катица Јанева со нејзиниот тим.
Јавни обвинители и истражители на Специјалното јавно обвинителство во текот на целата ноќ ќе дежураат во Управата за безбедност и контраразузнавање, се до конечно спроведување на наредбата, најави Јанева.