КАЦАРСКА ЗАСТАНА НА ЧЕЛО НА УСТАВНИОТ СУД, КОЈ ОД СРЕДАТА Е МИНУС ТРОЈЦА СУДИИ

    КАЦАРСКА ЗАСТАНА НА ЧЕЛО НА УСТАВНИОТ СУД, КОЈ ОД СРЕДАТА Е МИНУС ТРОЈЦА СУДИИВ понеделник собраниската комисија ќе утврди нови кандидати, кои ќе одат на гласање на пленарна седница на Собранието (Фото:СДК.МК)

    Уставниот суд од средата е минус тројца од вкупно девет уставни судии, зашто истече 9-годишниот мандат на Елена Гошева, Сали Мурати и Никола Ивановски. Од завчера Уставниот суд има и нов претседател со тригодишен мандат, судијката Добрила Кацарска. На 26 мај неа ја избра колегиумот од деветмина уставни судии.

    Во меѓувреме, во Собранието тргна процедурата за избор на тројца нови уставни судии. Претседателот на Комисијата за избори и именувања Костадин Костадинов за понеделник закажа седница со прва точка на дневен ред – утврдување предлози за избор на тројца судии на упразнетите места во Уставниот суд.

    Секој член на Комисијата за избори и именувања има право да предлага кандидати за уставен судија и тие предлози се гласаат. Оние што ќе поминат тука, одат на гласање на пленарна седница, која се очекува претседателот на Собранието Талат Џафери да ја закаже во текот на неделата.

    На местото на Мурати, кој по националност е Турчин, Собранието треба да избере уставен судија од редот на заедниците.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира