ЌЕ МУ ДАДАМ 13 ПРАТЕНИЦИ НА МИЦКОСКИ ИЛИ ЌЕ МУ БАРАМ ДА МИ ДАДЕ 6 ЗА ДА СЕ ФОРМИРА МАЛЦИНСКА ВЛАДА АКО ДУИ УЦЕНУВА, КАЖА ЗАЕВ

    ЌЕ МУ ДАДАМ 13 ПРАТЕНИЦИ НА МИЦКОСКИ ИЛИ ЌЕ МУ БАРАМ ДА МИ ДАДЕ 6 ЗА ДА СЕ ФОРМИРА МАЛЦИНСКА ВЛАДА АКО ДУИ УЦЕНУВА, КАЖА ЗАЕВНема да преговараме со ДУИ ако уценуваат, кажа Заев на ТВ-дуелот со Мицкоски. (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека не го прифаќа условот на ДУИ за Албанец премиер и е спремен да му отстапи пратеници на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за да формира малцинска влада, на синоќешниот ТВ-дуел на ТВ24.

    „СДСМ нема да дозволи да биде уценуван. Ако тоа биде условот за да бидеме со ДУИ, нема да преговараме со ДУИ. Спремен сум да му отстапам 13 пратеници на господинот Мицкоски оти толку ќе му требаат за 61 пратеник, тој да формира малцинска влада, или ќе барам од него да ни отстапи 6, оти толку ќе ни требаат нас за да формираме малцинска влада“, кажа Заев.

    Мицкоски му одговори на Заев дека математиката не му е добра страна.

    ДУИ го промовираше поранешниот пратеник Насер Зибери како кандидат за премиер и води кампања под мотото „Зошто да не“ за премиер Албанец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира