ЌЕ ПУКНЕТЕ ОД МАКА ШТО НИЕ ГО РЕШИВМЕ ИМЕТО, А НЕ ВИЕ, МУ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА ПРАТЕНИКОТ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЈОВАНОВСКИ

    ЌЕ ПУКНЕТЕ ОД МАКА ШТО НИЕ ГО РЕШИВМЕ ИМЕТО, А НЕ ВИЕ, МУ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА ПРАТЕНИКОТ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЈОВАНОВСКИЗаев на денешната собраниска седница за пратенички прашања (Фото: К. Попов)

    Премиерот Зоран Заев рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе пукне од мака што СДСМ го решил името, а не тие, одговарајќи му на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

    „По 27 години го решивме проблемот со Грција за името. Со договорот го заштитивме македонскиот јазик, македонскиот народ. Вие кога бевте на власт се водевте само од правење математички поени за рејтингот и сакавте што подолго да се одржите на власт. Ние добивме датум за преговори и ви доаѓа да пукнете од мака што ние го решивме името, а не вие“, му одговори Заев на Јовановски, кој претходно од собраниската говорница ги нарече Заев и пратениците од мнозинството предавници.

    Опозицискиот пратеник во говорот зборуваше што е предавство и рече дека Заев со договорот со Грција направил предавство.

    На тоа, Заев му кажа: „Вие најдовте да зборувате за неморални постапки. Во Струмица од мене земавте пари. Спиеше по коцкарници, одеше на и на други места и беше срам за Струмица. Вие се повикувате на патриотизам. Вие што ја опљачкавте Македонија. 5 милијарди евра. Во препораката за добивање датум од ЕУ стои експлицитно, чисто и јасно дека мора да се расчисти со криминалот, а тоа се сите судски процеси што се за вашето бившо високото раководство ваше и вие најдовте да зборувате за патриотизам“.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира