ЌЕ РАБОТАМ ДА ВИ ПОМОГНАМ НА ПАТОТ КОН НАТО И ЕУ, КАЖА НОВАТА АМЕРИКАНСКА АМБАСАДОРКА КЕЈТ БРНС ВО ВИДЕО ПОРАКА ПРЕД ДОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ

    ЌЕ РАБОТАМ ДА ВИ ПОМОГНАМ НА ПАТОТ КОН НАТО И ЕУ, КАЖА НОВАТА АМЕРИКАНСКА АМБАСАДОРКА КЕЈТ БРНС ВО ВИДЕО ПОРАКА ПРЕД ДОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕАмбасадорката Кејт Брнс работи како дипломат 26 години. Во Скопје доаѓа од Атина. (Фото: Фејсбук)

    Новата американската амбасадорка Кејт Брнс вели дека ќе работи да ѝ помогне на Северна Македонија на патот кон НАТО и ЕУ и дека и е мило што ќе има можност да ги зацврсти односите меѓу двете земји, во воведното обраќање со нејзиниот сопруг Скот Кејџ.

    „26 години работам како дипломат да промовирам безбедност и просперитет, почит за човековите права и различностите, владеење на правото и отворени пазари. Со нетрпение чекам да продолжам со работата во Северна Македонија. САД се горди на силното пријателство со граѓаните на Северна Македонија. Ја цениме храброста и професионалноста на вашите војници и ве очекуваме како 30. членка во НАТО. Северна Македонија е на својот избран пат кон НАТО и ЕУ. Тимот на Американската амбасада во Скопје и јас ќе работиме да ѝ помогнеме на Северна Македонија на овој пат и да создадеме нови можности за просперитет. Драго ми е што ќе имам можност да ги зацврстам односите меѓу нашите две земји“, кажа Брнс во видеопорака на Фејсбук, пред нејзиното доаѓање во Скопје идната недела.

    Со нејзиниот сопруг Скот велат дека сакаат да искусат сè што има да понуди земјата, од Старата чаршија до кањонот Матка, од Шарената џамија во Тетово до Охридското езеро и понатаму.

    Брнс e дипломат од кариера и досега беше заменик шеф на мисијата на САД во Атина, каде што дојде во септември 2017. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.

    На сослушувањето во Сенатот во април, Брнс кажа дека работата на амбасадата под нејзино водство ќе се фокусира на три области: ќе промовира стабилност низ силни институции, ќе работи на зајакнување на безбедноста преку партнерство и ќе работи на поттикнување на просперитетот преку позитивно влијание.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари