ЌЕ СЕ ВАДАТ ТАБЛИТЕ ОД АВТОПАТОТ КОН ГРЦИЈА, ОДЛУКАТА ОБЈАВЕНА ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК“

    ЌЕ СЕ ВАДАТ ТАБЛИТЕ ОД АВТОПАТОТ КОН ГРЦИЈА, ОДЛУКАТА ОБЈАВЕНА ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК“Табла со името на автопатот во близина на Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Со објавата во Службен весник на Република Македонија стапи на сила владината одлука за преименувањето на автопатот од коридорот 10 и на Скопскиот аеродром.  Автопатот кон Грција ќе се вика Пријателство, а аеродромот Меѓународен аеродром Скопје (Skopje International Airport)

    Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека наскоро ќе бидат променети 19 табли.

    Одлуката за преименување на  автопатот и на аеродромот, што беше донесена на седница на Владата минатата недела.

    Сегашното име на автопатот „Александар Македонски“ се користи од јули 2008 година, со одлука на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Година и половина претходно, исто така со одлука на владата на чие чело беше Никола Груевски, скопскиот аеродром беше именуван „Александар Велики“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира