ЌЕ СТАВИМЕ ВЕТО, ЗАГРИЖЕНИ СМЕ ПОРАДИ ТВРДЕЊАТА ЗА МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА, КАЖА БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА ЗАХАРИЕВА

    ЌЕ СТАВИМЕ ВЕТО, ЗАГРИЖЕНИ СМЕ ПОРАДИ ТВРДЕЊАТА ЗА МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА, КАЖА БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА ЗАХАРИЕВАБугарија бара Македонците да признаат дека имаат бугарски корени. - Никола Димитров и Екатерина Захариева во Скопје во август 2019 (Фото: К. Попов)

    Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева се закани дека Бугарија ќе стави вето за почеток на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија, ако Македонците не признаат дека нивните идентитет и јазик имаат бугарски корени, во интервју за агенцијата „Ројтерс“.

    „Загрижени сме поради непрестаните тврдења за македонско малцинство во Бугарија. Признавањето на бугарските корени ќе стави крај на тоа“, кажа Захариева во интервјуто.

    Ако Македонците се сложат на тоа, вели Захариева, Бугарија е подготвена да го признае македонскиот јазик како еден од официјалните јазици на својот сосед и да признае македонски идентитет.

    „Ние сме подготвени да ја потврдиме реалноста, но тие треба да ја признаат историската вистина“, вели бугарската министерка.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира