КИЧЕВСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ЕЛ ЧЕКА ЗА НЕОВЛАСТЕНО ПРИСЛУШКУВАЊЕ

    КИЧЕВСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ЕЛ ЧЕКА ЗА НЕОВЛАСТЕНО ПРИСЛУШКУВАЊЕОсновното јавно обвинителство Кичево е надлежно да го гони лицето со псевдоним Ел Чека, бидејќи тој е со адреса на живеење во кичевското село Турин, иако живее во Чикаго, САД. - Принтскрин од Фејсбук профилот на Ел Чека

    Основното јавно обвинителство Кичево поднесе обвинение против лицето кое на Фејсбук се претставува како Ел Чека за кривичното дело Неовластено прислушкување и тонско снимање, соопшти Јавното обвинителство.

    „Обвинетиот при крајот на месец мај оваа година, од профил на една социјална мрежа, претставувајќи се како ’El Cheka‘ објавил повеќе тонски снимени прислушкувани телефонски разговори на повеќе лица. Со тоа обвинетиот им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и на други неповикани лица да се запознаат со содржината на тонски снимените разговор“, се вели во соопштението.

    Основното јавно обвинителство Кичево е надлежно да го гони лицето со псевдоним Ел Чека, бидејќи тој е со адреса на живеење во кичевското село Турин, иако живее во Чикаго, САД. Ел Чека на Фејсбук објавува прислушувани разговори од актуелни и поранешни функционери, најмногу од ДУИ.

    Дополнително, од Јавното обвинителство констатираат дека во последно време зачестена е појавата на објавување неовластено прислушкувани и снимени разговори и укажуваат дека секое објавување на неовластено прислушкувани разговори е кривично дело согласно член 151 став 2 од Кривичниот законик, во кој е пропишана казна затвор од 1 до 5 години за секој што ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира