КИРО ЗДРАВЕВ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУДСКИОТ СОВЕТ

    КИРО ЗДРАВЕВ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУДСКИОТ СОВЕТНовиот претседател на Судскиот совет Киро Здравев (средина) на давање заклетва во Собранието на 18 декември 2018. (Фото: К. Попов)

    Врховниот судија Киро Здравев утринава беше избран за нов претседател на Судскиот совет, на местото на Зоран Караџовски, кому му истече мандатот.

    Се гласаше тајно, а Здравев, кој беше избран во Судскиот совет во декември минатата година, беше избран едногласно од членовите на советот. За негов заменик беше избран Селим Адеми.

    Здравев беше единствен кандидат за претседател, а мандатот на претседателот трае две години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира