КЛИНИЧКИ СЕ ПРЕМИСЛИ, ГО ПОНИШТИ ТЕНДЕРОТ ЗА КОЛА ОД 35.000 ЕВРА ЗА ДИРЕКТОРОТ НА УРГЕНТЕН

    КЛИНИЧКИ СЕ ПРЕМИСЛИ, ГО ПОНИШТИ ТЕНДЕРОТ ЗА КОЛА ОД 35.000 ЕВРА ЗА ДИРЕКТОРОТ НА УРГЕНТЕНВо објавата на е-набавки стои дека постапката е поништена поради непредвидени и објективни околности, поради што се промениле потребите на договорниот орган (Фото:СДК.МК)

    На електронскиот систем за јавни набавки попладнево е објавено дека Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) ја поништува постапката за јавна набавка на патничко возило, објавена минатиот петок. Со оваа јавна набавка беше предвидено да се набави патничко возило во вредност од 2,16 милиони денари или 35.000 евра со одложено плаќање преку лизинг. Во објавата на е-набавки стои дека постапката е поништена поради непредвидени и објективни околности, поради што се промениле потребите на договорниот орган.

    Објавата за поништување на постапката за набавка на автомобил следеше неколку часа, откако САКАМДАКАЖАМ.МК објави дека Клиниката ќе купува автомобил од 35.000 евра за директорот.

    Илир Хасани, директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар, за САКАМДАКАЖАМ.МК претходно изјави дека автомобилот го набавуваат оти немаат никакво возило за потребите на кабинетот на директорот, а тоа е им е многу потребно оти оваа клиника се состои од четири други клиники, плус ортопедската болница за деца Мајчин дом во Аеродром.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира