КЛУЧНИОТ СВЕДОК ЗА ПОВРЗАНОСТА НА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ СЕ БАРА СО ПОТЕРНИЦА, ОСОМНИЧЕН Е ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАР

    КЛУЧНИОТ СВЕДОК ЗА ПОВРЗАНОСТА НА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ СЕ БАРА СО ПОТЕРНИЦА, ОСОМНИЧЕН Е ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАРГоце Трајковски се бара со потерница за тешко дело Подметнување пожар на 13 ноември. - Од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски (Фото: СДК.МК)

    На денешниот брифинг со новинарите, скопскиот обвинител Гаврил Бубевски откри дека Гоце Трајковски, главниот сведок за поврзаноста на убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, всушност е во бегство.

    Трајковски се бара со потерница за тешко дело Подметнување пожар на 13 ноември со кое што го загрозил животот на станарите во зградата во скопската населба Кисела вода, каде што е осомничен дека со уште две лица запалил кафуле на приземјето.

    Другите двајца се во притвор, а по Трајковски сè уште се трага. Со оглед на тоа што неколку пати судот го повикува да сведочи за убиството на Вања и Панче, а него го нема да се појави, Бубевски кажа дека ако не го најдат органите на прогонот, неговата изјава дадена во истрагата ќе биде прочитана на едно од наредните рочишта во Кривичниот суд.

    На 15 ноември, на судењето за убиствата на Вања и Панче сведочеше мајката на Трајковски, која кажа дека по исчезнувањето на Вања, тој барал по кафулиња, влегувал во распаднати куќи. Одел и по куќи и по згради, гледал камери каде што имало. Земал снимки, потоа ги гледале.

    Третиот ден гледале движење на коли. Синот Гоце, кој е во кумашин на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, на снимката препознал по издувните гасови дека тргнува кола. Александар рекол нема шанса Вања да влегла во оваа кола. На снимката се видело дека поминало и пикап возило.

    Потоа разбрале дека го нема и Панче Жежовски. Се јавила кај своите роднини во Велес, ѝ кажале дека таа е колата за која прашуваат, од која на снимките пред зградата на Вања се испуштале издувни гасови, како да тргнува.

    Прашала само дали тој исчезнатиот Панче (додека сè уште не бил најден мртов), има старо сиво возило. Добила потврден одговор на тоа што интуитивно се посомневала дека може тој човек ја грабнал Вања.

    По овој заклучок, Гоце снимките ги дал во МВР.

    Тоа старо возило со Панче Жежовски како се гледа жив, Гоце го видел и на снимка на бензинска пумпа во Велес, од фризерница и од други објекти.

    Првообвинет за двојното убиство е Љупчо Палевски, а покрај таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски, обвинети соизвршители за две свирепи убиства се и Влатко Кешишов и Боре Видевски и Велибор Манев.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира