КНИГА НА ЖАЛОСТ ЗА ВАЊА ВО ШКОЛОТО „ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“ ВО СКОПСКАТА ОПШТИНА ЦЕНТАР

    КНИГА НА ЖАЛОСТ ЗА ВАЊА ВО ШКОЛОТО „ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“ ВО СКОПСКАТА ОПШТИНА ЦЕНТАРГраѓани утрово се потпишуваа во книгата на жалост за Вања. (Фото: К.Попов)

    Утрово во основото училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во скопската општина Центар отворена е книга на жалост за убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска.

    Како што вчера најави градоначалникот Горан Герасимовски училиштето во соработка со повеќе психолози ќе обезбеди поддршка за учениците и комуникација со нив на начин со кој сите полесно ќе го пребродат трагичниот настан.

    Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска, Вања била киднапирана со цел да се изнудат пари од нејзината мајка, а набрзо потоа во паника била убиена со пиштол.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира