КОАЛИЦИЈАТА „ВРЕДИ“ ЗАПОЧНА ПОСТАПКА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА АЛБАНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

    КОАЛИЦИЈАТА „ВРЕДИ“ ЗАПОЧНА ПОСТАПКА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА АЛБАНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈАПрвиот состанок на оваа тема се одржа вчера во Тетово (Фото: Фејсбук)

    Коалицијата „Вреди“, која е дел од Владата, соопшти дека почнала постапка за формирање на Академијата на Албанците за наука и уметност во Северна Македонија. Лидерот на коалицијата и министер за здравство Арбен Таравари на својата фејсбук страница објави дека првиот состанок на оваа тема се одржал во Тетово, но седиштето на академијата ќе биде во Скопје.

    Основањето и особено официјализирањето на Албанската академија на науките и уметностите е една од најдобрите иницијативи на ‘Вреди‘. Денеска се собравме за ова во Тетово и се чувствувам особено горд. Ние сме еден од најстарите народи на Балканот и во нашата ДНК има интелигенција и цивилизација на античка култура“, напиша Таравари на Фејсбук.

    Од „Вреди“ велат дека академијата ќе биде институција целосно посветена на науката и уметноста и ќе служи како важен центар за научни истражувања, унапредување на уметноста и за зачувување на албанското културно наследство.

    Ние сме уверени дека создавањето на оваа платформа ќе обезбеди нови можности за истражувачите, уметниците и интелектуалците Албанци, со што ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на образованието и научната креативност во нашата земја. Горди сме што нашето ветување за формирање на Академијата на Албанците за наука и уметност станува реалност. Го гледаме ова како важен чекор кон интелектуалниот и културен напредок на Албанците во Северна Македонија. Таа ќе се фокусира исклучиво на науката и уметноста, без политички вклучувања“, соопштија од „Вреди“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира