КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ПРЕПОРАЧА УКИНУВАЊЕ НА СИТЕ КОВИД МЕРКИ, ОСВЕН НОСЕЊЕ МАСКА ВО БОЛНИЦИ, АПТЕКИ И ЈАВЕН ПРЕВОЗ

    КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ПРЕПОРАЧА УКИНУВАЊЕ НА СИТЕ КОВИД МЕРКИ, ОСВЕН НОСЕЊЕ МАСКА ВО БОЛНИЦИ, АПТЕКИ И ЈАВЕН ПРЕВОЗКомисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена (Фото: К. Попов)

    Комисијата за заразни болести препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со ковид-19, освен задолжително носење маска во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и во домовите за стари лица. Таа истовремено апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

    Од Комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобрата и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.

    „Продолжуваме на дневна основа да ја следиме ситуацијата со ковид-19 и доколку има потреба, ќе бидат препорачани нови мерки“, велат од Комисијата за заразни болести, чии препораки треба да бидат потврдени од Владата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира