Напаѓачот во ексминистерот за здравство Никола Тодоров пукал со несмртоносен гасен пиштол, кој не може да убие, потврдија од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Инцидентот се случил околу 12 часот пред објектот на Министерството за здравство во кругот на Клиничкиот центар во Скопје.
Љ.С. (60) од село Долно Каласлари, неофицијално дедо по мајка на починатата Тамара од Велес, два пати пукнал кон поранешниот министер за здравство. Полицијата го приведе Љ. С. Тодоров не е повреден.
Повеќе информации за случајот МВР најави на прес-конференција попладнево.