Поголема група граѓани вечерва се упати на протест пред седиштето на СДСМ, јавуваат граѓани од околните згради на улицата Павел Шатев.
Во непосредна близина е и зградата во која живее поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Сообраќајот е блокиран. Полиција го контролира пристапот кон тој дел од градот.
Засега никој не објавува кој ги организирал овие протести. Очевидци велат дека по слободна проценка не се повеќе од 150-200 луѓе.
Во центарот на Скопје протестираат граѓани против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на осомничени од прислушуваните разговори. Тие се обидоа да го пробијат кордонот полицајци кој води до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.