КООРДИНАТОРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ОД БИТОЛА ГО НАПУШТИ ПРЕСОТ НА ПРАШАЊАТА ЗА ТАЛЕСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КООРДИНАТОРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ОД БИТОЛА ГО НАПУШТИ ПРЕСОТ НА ПРАШАЊАТА ЗА ТАЛЕСКИ

    Координаторот на ВМРО ДПМНЕ од Битола, Борче Димитровски  ја напушти говорницата на денешната прес конференција во Општинскиот комитат кога новинарите почнаа да го прашуваат за градоначалникот Владимир Талески кој е во куќен притвор.

    Новинарите го прашаа како ќе продолжи да функционира општината без градоначалник, на што Димитровски одговори дека ќе најдат решение по позитивните законски прописи. По ова следуваше прашање дали Талески од дома ги потпишува документите од општина, на што рече дека тоа е прашање за општинската администрација. На прашањето каква е сегашната душевната состојба на Талевски, Димитровски ја напушти говорницата не кажувајќи дека го прекинува пресот. Тој се упати кон новинарите и таму оф рекорд рече дека според неговите сознанија  тој се чувствува добро.

    Апелациониот суд вчера ја потврди одлуката на Кривичниот суд од Скопје дека Талевски останува во куќен протвор.

    На денешната прес конференција ВМРО-ДПМНЕ пак го бранеше дека битолскиот градоначалник е жртва на политичка хајка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира