КООРДИНАЦИЈА КАЈ СПИКЕРОТ ЏАФЕРИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    КООРДИНАЦИЈА КАЈ СПИКЕРОТ ЏАФЕРИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИНа состанокот биле претставници на сите пратенички групи. По средбата никој од присутните не сакаше да даде изјава што се разговарало на состанокот со претседателот на Собранието Џафери. Неофицијално, тема на разговор биле кога да се одржат локалните избори.(Фото:СДК:МК)

    Претседателот на Собранието, Талат Џафери, наместо в понеделник,  денес ја одржа координацијата на пратеничките групи во Парламентот.

    На состанокот биле претставници на сите пратенички групи. По средбата никој од присутните не сакаше да даде изјава што се разговарало на состанокот со претседателот на Собранието Џафери. Неофицијално, тема на разговор биле кога да се одржат локалните избори.

    Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера изјави дека ако се постигне договор локалните избори да се одржат годинава, тие би биле во октомври или ноември, а доколку се одлучи да бидат следната година, термините би биле март, април или мај.

    „Тоа во Македонија досега се правело во договор со сите политички партии и јас очекувам, во најмала рака, ако не ние, лидерите на парламентарните партии, барем наши претставници да направат средба во Собранието, и како што е редот и практиката, да го договорат новиот термин за изборите, а, меѓу другото, да ги договорат и распоредот на Законодавно-правната комисија и на Комисијата за политички систем, за да може бргу да се закаже седницата на Собранието, за и де факто да се одложи одржувањето на локалните избори, кои беа планирани за првата половина на мај“, рече Заев.

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски,   побара да се одржат локални избори  и предложи три термини за нивно одржување, 2 јули, 17 или 24 септември, односно на 15 октомври оваа година.

    „Нашата пратеничка група ќе го поддржат секој предлог за кој ќе се одлучи парламентарното мнозинство. Се надеваме дека тоа ќе биде што поскоро, дека ќе се спроведат брзи и ефикасни локални избори, за да може локалната самоуправа како уставно право на граѓаните да не трпи голема штета“. рече Милошоски.

    Координацијата во Парламентот се одржа на три дена до истекот на мандатот на градоначалниците. , за да не дојде до блокадаво функционирањето на општините.

     

     

    Г.ТРПЕНОСКИ

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира