КОРУПЦИЈАТА Е СЕПРИСУТНА, НЕМА НЕЗАВИСНИ ИСТРАЖИТЕЛИ ЗА НАДЗОР ВРЗ ПОЛИЦИЈАТА, СЕ ВЕЛИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА

    КОРУПЦИЈАТА Е СЕПРИСУТНА, НЕМА НЕЗАВИСНИ ИСТРАЖИТЕЛИ ЗА НАДЗОР ВРЗ ПОЛИЦИЈАТА, СЕ ВЕЛИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА МАКЕДОНИЈАЕвропската комисија го критикува фактот што нема вистински независни истражители за вршење на ефикасен надзор врз работата на полицијата кој ќе овозможи ефикасно справување со феноменот на неказнивост во полицијата. (Фото: СДК.МК)

    Европската комисија попладнево ќе го презентира извештајот за напредокот во реформите на Северна Македонија и во него е забележано дека е потребно да се обезбеди попроактивен пристап од сите чинители инволвирани во спречувањето и борбата против корупцијата, бидејќи корупцијата е сеприсутна во многу области, според делови од извештајот до кои дојде државната агенција МИА. 

    Во извештајот се вели и дека борбата против корупцијата, исто така темелен дел од процесот на интеграција во ЕУ, бележи добар напредок во делот на истрага, гонење и судење на високопрофилни корупциски предмети, а посебно се поздравува работата на Антикорупциската комисија. Се поздравува и работата на Судскиот Совет, за кој се вели дека задачите ги врши на проактивен начин, додека механизмите за обезбедување независност на судството, отчетност, дисциплинските процедури и спречувањето на конфликтите на интереси се подобрени.

    Според Европската комисија, слабост на Северна Македонија е и спроведувањето на законодавството за спречување на говор на омраза, а се критикува и фактот што нема вистински независни истражители за вршење на ефикасен надзор врз работата на полицијата кој ќе овозможи ефикасно справување со феноменот на неказнивост во полицијата. Се вели и дека се потребни итни мерки за подобрување на состојбата во затворите и изнаоѓање алтернативни решенија за притвор и затвор.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира