ЌОСЕТО ГО ТРГНАВМЕ РАНО УТРОВО ЗА ДА НЕ СЕ ЗАГРОЗИ БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ

    ЌОСЕТО ГО ТРГНАВМЕ РАНО УТРОВО ЗА ДА НЕ СЕ ЗАГРОЗИ БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕСо дигалка беше изваден споменикот од постаментот. Утринава пред Врховниоит суд нема ништо невообичаено - (Фото:М.Златевска)

    Споменикот на Ќосето беше тргнат рано утрово околу 5 часот од пред Врховниот суд, за да не се загрози безбедноста во сообраќајот, велат од Град Скопје за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Од Град Скопје додаваат дека споменикот на Ќосето е отстранет по решение издадено од Општина Центар.

    Градоначалникот Петре Шилегов во текот на денов ќе одржи и прес конференција за отстранување на контровезрниот споменик, јавуваат од градските служби.

    Од Градот објаснуваат декаЌосето се отстранувал со камиони и дигалка. За да не пречи во сообраќајот и да не се блокираат улиците бидејќи се наоѓа на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“ која е една од најфрекфентните локации, одлучено е тоа да се направи рано кога уште нема сообраќај низ градот.

    „Со дигалка беше изваден споменикот од постаментот. Постапката траеше околу час и половина. Со камион го однесовме во магацините на Металскиот завод Тито“, ни рекоа работницитеод ЈП„Улици и патишта“ кои работеа на отстранување на споменикот.

    Споменикот со кама в рака на Андон Јанев-Ќосето, контроверзен лик познат во историјата како ликвидатор на ВМРО, е еден од петте споменици кои се издигнаа на 7 септември 2014  на различни локации во Скопје, а кои Град Скопје ги доби како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Спомениците беа поставени во времето на градоначалникот Коце Трајановски.

     

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира