КОСОВЕЦ ШВЕРЦУВАЛ 58 МИГРАНТИ ВО КОМБЕ НА АВТОПАТОТ КАЈ ГЕВГЕЛИЈА

    КОСОВЕЦ ШВЕРЦУВАЛ 58 МИГРАНТИ ВО КОМБЕ НА АВТОПАТОТ КАЈ ГЕВГЕЛИЈАПолицијата го сопрела на автопатот Пријателство во близина на Гевгелија но тој не застанал и продолжил да вози. Кај клучката за село Смоквица, застанал, излегол од комбето и почнал да бега. Полицијата го фатила и аупасила во близина на село Миравци.(Фото: СДК.МК)

    Косовски државјанин шверцувал во комбе 58 мигранти од Пакистан и Сирија. Полицијата го сопрела на автопатот Пријателство во близина на Гевгелија, но тој не застанал и продолжил да вози. Кај клучката за село Смоквица, застанал, излегол од комбето и почнал да бега. Полицијата го фатила и го упасила во близина на село Миравци. Во комбетото „Форд транзит“ меѓу 58 мигранти имало и 7 малолетни лица.

    „Осомничениот пеш ја поминал македонско – косовската граница и по добиените насоки од непознато лице, го преземал патничкото моторно возило “Форд Транзит” и тргнал по автопатот А1 во правец кон Гевгелија. На непознато место пресретнал група мигранти кои претходниот ден илегално влегле во земјава, ги прифатил и тргнал во насока кон Скопје. На знак да застане од страна на полициски мешовит тим, осомничениот продолжил со зголемена брзина и кај клучката кон село Смоквица го напуштил возилото со мигрантите и побегнал. Полициските службеници во возилото пронашле 58 мигранти од Пакистан и Сирија, меѓу кои имало и седум малолетни лица. Подоцна осомничениот е пронајден во близина на село  Миравци и лишен од слобода“ велат од соновното јавно обвинителство.

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесоа наредба за спроведување на истражна постапка против лицето за сторено кривично дело Криумчарење мигранти, предвидено и казниво по член 418-б став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

    До судија на претходна постапка е доставен предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот на Обвинителството и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира